Македонија тапка во место во прифаќањето на ЛГБТИ луѓето
![Македонија тапка во место во прифаќањето на ЛГБТИ луѓето](https://gdb.rferl.org/A1AEE261-88AC-40E9-A6CD-19AAF95C37E7_w800_h450.jpg)
Земјава останува меѓу последните во регионот според почитувањето на човековите права на ЛГБТИ заедницата, покажа последниот извештај на ЛГБТИ организацијата ИЛГА Европа. Животот на овие луѓе е полн со страв, стигми и предрасуди, додека промените тапкаат во место.