Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство
![Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство](https://gdb.rferl.org/06870000-0aff-0242-da0a-08da8c5166fb_w800_h450.jpg)
Не се знае колку чини патувањето на премиерот и на владината делегација во Њујорк. Но, познато е дека за тендерот за саемот за вино во Белград на кој присуствуваа половина министри од владиниот кабинет се издвоени речиси 400 илјади евра. Повеќе се штедело на настаните и прославите дома.