Нови 75 случаи на ковид-19, од нив 23 се реинфекции
![Нови 75 случаи на ковид-19, од нив 23 се реинфекции](https://gdb.rferl.org/45FAC651-2724-46B4-917D-B7210964D2F0_w800_h450.jpg)
Нови 75 случаи на ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа, од вкупно направени 745 тестови.
Од новодијагностицираните 23 се реинфекции.
Според информациите од Мој Термин, регистрирани се и две лица од Скопје и Кавадарци кои починале во домашни услови во периодот од 21 септември до 2 октомври. Оздравени се 94 пациенти.
За ЕУ пандемијата на ковид-19 не е завршена
Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.