Го загуби целото семејство во руски воздушен напад: „Убија сè во мојата душа“.
![Го загуби целото семејство во руски воздушен напад: „Убија сè во мојата душа“.](https://gdb.rferl.org/04020000-0aff-0242-e0e4-08daa847fa2a_tv_w800_h450.jpg)
Володимир Обоџински го загуби целото семејство на почетокот на март во руски напад. Воздушен напад ја погоди неговата куќа, при што загинаа неговата 40-годишна сопруга Наталија, 14-годишниот син Володимир, 19-годишната ќерка Иванка и нејзините 1-годишни близнаци. Обоџински ги посети урнатините од неговиот дом и зборуваше за трагедијата.