Бектеши – Ако не ја поевтините храната ќе ви ја укинеме евтината струја
Цените на храната на светските берзи паѓаат десет месеци по ред и сега се пониски од лани. Во Македонија храната за една година е поскапена за скоро 28 отсто. Министерот за економија Крешник Бектеши се закани дека ќе им ја укине субвенционираната струја на прехранбените фирми кои не ги поевтиниле производите.