Се урна хеликоптер во Казахстан, четири лица загинаа
Најмалку чети луѓе загинаа при хеликоптерска несреќа во Казахстан. Хеликоптерот МИ-8 денеска се урна во регионот на Западен Казахстан, соопшти Комитетот за цивилно воздухопловство во Казахстан на 23 февруари.
Според комитетот две лица биле хоспитализирани со повреди во несреќата. Хеликоптерот се урна во близина на селото Чапурино каде што дел од екипажот имал задача да изврши увид во работата на гасоводот за енергетската компанија „Казтрансил“.
Од компанијата се огласија, дека загинатите четворица биле вработени во нивната фирма.