Редици за вакцина против голема кашлица
![Редици за вакцина против голема кашлица](https://gdb.rferl.org/01000000-0a00-0242-b178-08dc2bbd4642_w800_h450.jpg)
Тројно е зголемен интересот за вакцинирање со вакцината ДиТеПер, вели д-р Сирма Кировска од поликлиниката „Идадија“. Ред се чека и во другите диспанзери - се ставаат пропуштени дози поради препораката невакцинирани деца да не се примаат во градинка. До 8 февруари имаше 22 случаи на голема кашлица.