Распишувањето на изборите ќе го „отклучи“ Избирачкиот список
![Распишувањето на изборите ќе го „отклучи“ Избирачкиот список](https://gdb.rferl.org/05e00000-0a00-0242-e31a-08d9919af790_w800_h450.jpg)
Ажурирање на Избирачкиот список, консензус за измени на Изборниот законик и договор за комплетирање на ДИК се дел од прашањата пред институциите и партиите во пресрет на претседателските и парламентарни избори што се распишуваат денеска. Промовирањето на кандидатите треба да заврши во март.