Сага за Работничкиот дом - зградата во која се судрија социјализмот и капитализмот
Иако 30 години имаше судења, допрва се разгорува битката на Сојузот на синдикати за сопственост врз објектот што се смета за симбол на работничкиот дух. Работниците велат граделе со свои пари, Врховниот суд пресуди дека во тоа време синдикатот не можел да има сопствени пари за да стекне имот.