Изборните неработни денови „главоболка“ за родителите и приватниците
![Изборните неработни денови „главоболка“ за родителите и приватниците](https://gdb.rferl.org/01000000-0a00-0242-e682-08dc0b7718be_w800_h450.jpg)
На само два дена пред првиот круг на претседателските избори, Владата нема прецизни правила дали изборниот ден ќе биде задолжително неработен за приватниот сектор и како ќе им го плати тој ден на работниците. Приватниот сектор чека насоки за работа. Родителите со деца во во трка по „баба/дедо сервис“, а децата среќни што нема да одат во училиште.