Граѓанскиот бунт немоќен пред урбанистичкото дивеење
Политиката е навлезена во советите на општините и ДУП-ви се носат без да се почитува мислењето на граѓаните, вели архитектот Мишко Ралев за РСЕ. По последниот случај со носењето на ДУП-от за населбата Лисиче, советници од повеќе општини велат дека „инвеститорскиот урбанизам“ води сметка само за профитот, а е на штета на јавниот интерес