Добавить новость
World News in Macedonian



Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Расте тензијата во Техеран поради израелските напади во Иран

Кога Израел издаде предупредување до жителите на една од најлуксузните и најгусто населените области во Техеран, Дистрикт 3, да се евакуираат, велејќи дека има намера да изврши воздушни напади во областа, веќе зголемената вознемиреност се зголеми уште повеќе.

Двете земји извршија воздушни напади една врз друга во последните денови, нанесувајќи голем број цивилни жртви по патот. Но, најинтензивните напади се случија во Техеран.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) не ги таргетираат цивилите, но видеата и сликите што доаѓаат од Техеран и од други места во земјата покажуваат колку е тешка ситуацијата.

Според официјални извори, повеќе од 200 Иранци се убиени, додека израелските власти известуваат за 24 жртви од иранските одмазднички напади што погодија градови како Тел Авив и Хаифа.

Во двете земји, безброј цивили се чувствуваат заробени во ситуација што не можат да ја контролираат.

Но, за разлика од Израел, Иранците се соочуваат со ограничен слободен и независен печат. Се појавија малку извештаи за условите со кои се соочуваат обичните Иранци додека воздушните напади ги протеруваат луѓето од нивните домови.

Сликите и видеата од социјалните мрежи ги прикажуваат улиците на Техеран преполни со сообраќај како излегуваат од главниот град, додека жителите бегаат по неколкудневните воздушни напади што ги таргетираа нуклеарните и воените објекти, како и станбените згради во кои, според извештаите, се наоѓаат високи функционери и нуклеарни научници.

Некои жители пријавија долги редици на бензинските пумпи и ограничувања на количината на гориво што клиентите можат да го добијат, додека на север, каде што се упатуваат многумина, почна да се појавува недостиг од храна.

Некои се обратија до Радио Фарда на Радио Слободна Европа за да ја опишат ситуацијата.

Заштита на децата

Една мајка зборуваше за очајот што го чувствува за своето десетгодишно дете кое е принудено да се справи со војна што не ја разбира.

„Загрижена сум за мојот син. Тој не кажува ништо, не вели дека се плаши, но сите ние се плашиме. Не знам што да правам, каде можеме да одиме за да избегаме од бомбардирањето?“ прашува таа.

Иран водеше разорна војна со Ирак кога тогашниот претседател Садам Хусеин го нападна Иран во 1980 година, започнувајќи конфликт што траеше осум години.

Многу родители во Иран ја доживеале таа војна како деца. Сега ја преживуваат како возрасни.

„Никогаш не помислив дека ќе видам две војни во мојот живот, а сигурно не сакав мојот син да доживее војна“, рече жената, која како и другите што контактираа со Радио Фарда, побара да не биде именувана од безбедносни причини.

Друга жена во Техеран опиша колку далеку ќе се обиде да го заштити своето дете од звуците на насилство.

„Имаме ограничување на времето поминато пред екран дома, но овие денови го оставам телевизорот вклучен и го зголемувам звукот за моето дете да не ги чуе експлозиите надвор“, рече таа.

Многу жители на Техеран бегаат од градот кон северните провинции - кои се типични дестинации за одмор.

Снимките споделени на социјалните медиуми покажуваат сообраќајни метежи на патиштата што водат кон север, со обратен сообраќај во некои ленти кон југ за да се прошири протокот на автомобили.

„Ја молевме баба ми да соработува и да го напушти градот. Но, таа видела видеа од густ сообраќај на патиштата и одбива да излезе од дома. Ги спуштила завесите дома и ја чека својата судбина“, изјави жена што живее во странство за Радио Фарда.

Домовите се претвораат во скривници

Еден голем проблем со кој се соочува Техеран е недостигот на засолништа од бомби, што придонесе за зголемување на цивилните жртви. На иранските власти им беа потребни три дена за да одлучат да ги држат метро станиците отворени во текот на ноќта за да служат како безбедни простори.

Маж во 70-тите години рече дека „не знаел што да прави“ кога слушнал гласни експлозии ноќе кога започнало бомбардирањето.

„Живеам на шестиот кат. Решив да се засолнам под креветот“, рече тој.

Една жена која ја преживеала војната меѓу Иран и Ирак од 1980-88 година рече дека не можела да верува дека повторно преживува толку темна епизода од своето минато.

„Многу е страшно. Потсетува на горчливите денови на војната и бомбардирањата и недостигот од храна. Повторно го преживувам сето тоа. Имам многу стрес“, рече таа и додаде:

„Детето на сестра ми е многу загрижено. Постојано плаче и ме прашува дали ќе преживееме.“

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России