Добавить новость
World News in Macedonian



Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Егзотични животни на продажба - Криминал што ретко кој го гледа

Егзотични животни како лама, лемури, ној, африканска коза и мајмунче се појавуваат во објави на социјални мрежи за продажба или пак како дел од амбиентот на неколку ресторани во Северна Македонија. На социјалните мрежи може да се најдат и продавачи на фазани, еребици и разни видови на птици.

Ваквите фотографии на кои се забележуваат ниските стандарди на чување на овие животни алудираат на шверц со диви животни кој што во светски размери, особено по европски закони спаѓа во сериозно кривично дело.

Македонските закони за неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни и птици предвидуваат парична казна или затвор до три години.

Северна Македонија како потписник на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на флора и фауна (CITES), продажбата на диви животни и птици ја регулира преку дозволи и сертификати, кои ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според Глобалниот индекс за организиран криминал за 2025 година, Северна Македонија функционира и како транзитен и како дестинациски пазар за трговија со диви животни, при што цел се заштитени видови како што се балканскиот рис и кафеавата мечка.

„Нелегалната трговија со диви животни е првенствено мотивирана од финансиска добивка, а во некои случаи се вклучени транснационални мрежи“, се вели во извештајот.

Македонските невладини организации кои се занимаваат со заштита на животните велат дека во земјава се случува криумчарење на егзотични диви животни, но и со домашни миленичиња како мачки и кучиња со педигре.

„Знам неколку ресторани каде што ги шетаат волците на подвоник, и играат со деца. Освен што е опасно мислам дека тоа не е природата на самото животно. Имаше случаи и на мечки во тетовско каде што чуваа како домашно милениче и го пријавив тој случај со фотографии, но ништо не беше преземено,“ вели Претседателката на македонската невладина организација „Анима Мунди“, Гизела Бошковска.

Таа потсетува и за случајот од пред две години со малото лавче, на кое му се изгуби трага откако беше откриено дека нелегално било внесено во државата.

„Постои нелегален шверц на диви животни, и надвор и внатре во државата ги продаваат, ги чуваат. Причините мислам дека се поради тоа што во голем дел од случаите нашите цариници, гранична полиција, не проверуваат ни микрочипови ни пасоши дали имаат милениците. А веројатно лавови, тигри и слични животни, може и тоа, на некаков начин успева да им пројде без да забележат“, додава таа.

Контрадикторни податоци за (не)законска трговија со животни Според податоците кои Министерството за внатрешни работи кои ги побара Радио Слободна Европа, станува збор за мал број на фатени криумчари на животни. Во последниве две години полицијата покренала кривични пријави против петмина осомничени за три кривични дела „неовластено чување и отуѓување на диви животни и птици“.

Но, овие податоци се контрадикторни со оние во дата базата на CITES, каде што се посочува на ризик од сериозни бројки на нелегална трговија со животни.

Сомнежот произлегува од разликите во пријавениот извоз на животни од земјава, особено од оние податоци кои доаѓаат од Министерството за животна средина, и она што го пријавиле земјите кои тврдат дека увезуваат животни со потекло од Македонија.

На пример во дата базата е забележливо дека во последниве 5 години, од земјава се извезени 120 волци во Канада, Мексико, САД и Србија, при што увозниците прикажале дека им пристигнале двојно помалку македонски волци.

Во базата се спомнува и балканскиот рис, кој е е строго заштитен и цел на нелегална трговија што дополнително го загрозуваат неговиот опстанок. Според оваа дата база, во 2020 година, 14 македонски примероци завршиле во Шпанија.

Следен пример е со мечиња, кои како извезени од Македонија во 2022 година се водат 6, додека Чешка, како земја увозник пријавила дека на нејзина територија пристигнале само 2.

Желките најизвезувани животни од Северна Македонија Најголем извоз на животни од земјава бележат неколку видови желки. Според податоците од дата базата само за пет години од земјава се извезени над сто илјади желки кои завршиле во Чиле, САД, Шпанија, Велика Британија, Јапонија, Индонезија. Проблемот е во тоа што овие земји пријавиле дека нешто повеќе од половина од овие желки пристигнале до нив.

Во таканаречената „црвена листа “ на Конценцијата е наведено дека „разликите во пријавените бројки за извоз меѓу различните извори укажуваат на веројатноста за многу поголеми и потешко откриени размери на нелегално тргуваните животни“.

Во земјава постојат шест лиценцирани фарми за желки, покажуваат податоците од Министерството за животна средина.

„Постои сомнеж дека дел од легалните фарми се користат како параван за извоз на диво уловени желки“, е наведено во таканаречената црвена листа, потенцирајќи дека тоа води кон ризик за опстанокот на специфичните видови желки кои живеат на оваа територија.

Трговијата со кучиња од Србија под радарот на институциите

Нелегалниот пазар со животни во земјва не е ограничен само на специфични видов на животни, туку се однесува и на домашни миленичиња. Нелегалниот дел во тоа е што се увезуваат домашни миленици без да се запазат основни процедури за заштита, вели Бошковска.

Таа тврди дека во земјава има голем број на увезени кутриња од расите априкот пудли, померанци и малтезери, за кои, како што вели надлежните немаат никаква евиденција и кои веројатно завршуваат на црниот пазар.

„Имаме сознанија дека и многу често се случува и во комуникација со приватни ветеринарни амбуланти и со Лајка истовремено дека се заловуваат кучиња со странски микрочипови, најчесто српски. Значи голем дел од кучињата што се купуваат од надвор од државава што се увезуваат се купуваат од Србија и тие не се евидентираат во земјава“, вели таа.

Освен што се создава проблем со бездомните кучиња и таканаречената црна трговија, дополнителен ризик е беснилото, кое како болест меѓу животните во Србија, според светската здравствена организација, не е искоренето.

„Во секоја друга држава на пример кога се работи за куче што престојувало подолго време во Србија или потекнува од Србија се превземаат многу посериозни на мерки, мерки кога влегува во друга држава. Кај нас не, кај нас воопшто никој не ги проверува тие кучиња дали се чепирани, дали се вакцинирани против беснило, ништо“, вели Бошковска.

Каде лежи „зајакот“?Во извештајот на Глобален индекс за организиран криминал за 2025 година, се посочува дека еден од клучните системски проблеми е слабото спроведување на законите поради ограничениот институционален капацитет и регулаторните двосмислености.

Слични заклучоци има и во извештајот изработен од неколку меѓународни организации кои се занимаваат со заштита на животните од трговија и за добробит на дивиот свет, наречен Украден див свет.

Во него е истакнато дека Македонија, поради својата положба, како земја која не е во ЕУ, но се граничи со држави од ЕУ се наоѓа на таканаречениот Медитерански шверцерски пат. Таа често претставува земја за лесен транзит на диви видови, поради слабата можност на државата да го следи овој криминал.

Но, исто така Северна Македонија претставува и извор на видови за трговија, како што е македонската сивка. Станува збор за редок вид пеперутка на која единствен дом и се карпестите ридови на Плетвар.

„И покрај националната заштита, видот нелегално се собира и тргува, а пратките често се декларираат како „декоративни предмети“. Примероците се продаваат во Европа за 18-50 евра, при што се вклучени трговци од Белгија, Германија, Ирска, Полска, Шпанија и Велика Британија“, покажува истражувањето на порталот „Дома“.

Во земјава нема Центар за згрижување на запленети животни и вообичаено кога ќе се открие нелегална трговија, запленетите животни, откако ќе ги прегледаат граничните ветеринарни служби, треба да се транспортираат до институција која може да ги згрижи. Но проблемот е што во законот е дефинирано дека зоолошките градини во Скопје и Битола не примаат животни кои се родени во дивина.

Активистите кои се грижат за добросостојбата на животните велат дека кога ќе спасат некое животно нема каде да го однесат, па веројатно е дека крајната станица за тоа животно ќе биде угинување.

„Ако состојбата со бездомните кучиња во државава е трагична, состојбата со дивите животни е уште потрагична зашто во буквална смисла нема кој да ги прими“, вели Бошковска.

Овој институционален проблем е како да имате „болница која прима пациенти, но нема лекови ниту кревети за нив,“ дури и кога инспекцијата ќе го „дијагностицира“ проблемот односно ќе го најде шверцуваното животно, нема каде да го смести за да го излекува или заштити, па на крајот состојбата се влошува наместо да се реши.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России