Добавить новость
World News in Macedonian

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Радикализација „очи во очи“ и онлајн – битка на два фронта со екстремизмот

Веќе десетина дена тројца скопјани се во притвор додека против ние тече истрагата дека имале исламистички наративи и собирале пари во Северна Македонија и странство за да шират пропаганда на Исламската држава, како и за набавка на оружје.

Сомнежите на Обвинителството се дека мотивот им бил да ги „одмаздат нивните браќа“ кои беа фатени во јануари 2025 и веќе лежат во затвор за терористичка организација.

Кога е во прашање активирањето на вакви групи, и меѓународната заедница и експертите кои ги следат трендовите, посочува професорот Злате Димовски од Факултетот за безбедност, „одамна се свесни и укажуваат дека на овие простори постојат т.н. замрзнати ќелии“.

„Најчесто пред да ги активираат, практично тие избираат луѓе коишто не се досега промовирани, за кои нема никакво криминално досие и едноставно тешко може да осознаеме за нив дека се занимаваат со каква било непријателска активност, особено од делот на тероризмот или евентуално насилниот екстремизам“, вели Димовски за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, Павле Трајанов, посочува дека последната акција на институциите е резултат на „добра поставеност и континуитет на сложените операции кои се преземаат“. Сепак, соработката и на регионално и на пошироко меѓународно ниво е еден од клучните фактори за превенција.

Размената на информации со други држави ја потенцира и Димовски кој е дециден дека ниту една од радикалните групи не функционира само на локално ниво и оти нивното следење и идентификување е долготраен процес кој трае се до оној момент кога ќе се добие податок дека одредена групата ќе преземе нешто, за да може и државата да одговори со свои активности.

Прв закон за спречување онлајн радикализацијаГрупата која беше фатена во јануари лани, ја сочинуваа четири лица, а нивните затворски казни за терористичка организација се движат од две до седум години. При апсењето, Министерството за внатрешни работи посочи дека таа била со идеологија на ИСИС и намерата ѝ била да изврши напад врз цивили или јавни објекти во Северна Македонија.

Оваа ќелија беше разбиена и „благодарение“ на социјалната мрежа Телеграм каде беа откриени повеќе групи во кои организаторот споделувал пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови.

Борбата против ваквиот начин на радикализација, Северна Македонија планира да го зајакне и со носење на првиот Закон за следење и спречување на онлајн радикализација. Тој беше најавен и во октомври лани кога земјава заедно со останатите држави од Западен Балкан и Европската комисија го потпишаа Заедничкиот акциски план за спречување и справување со тероризам и насилен екстремизам. Законот се подготвува и планот, според националниот координатор Трајанов, е да се донесе во текот на 2026 година.

„Врвен приоритет е и превенцијата, раното откривање на знаци на радикализација и спречување на насилен екстремизам. Во оваа насока се подготвува и законот со кој ќе се предвиди како и кога ќе може да се отстрануваат радикални содржини, во кои случаи ќе се иницираат казнени мерки водејќи сметка за слободата на говорот и искажувањето на став“, вели за РСЕ, Трајанов.

И од МВР велат дека детектирани се „промени на трендови на радикализација и насилен екстремизам особено на интернет просторот каде онлајн радикализацијата е во подем“.

Со новиот закон треба да се уредува, следи и спречи објава со радикална содржина на интернет и социјални мрежи, додаваат оттаму.

Сепак, мометалната безбедносна ситуација е стабилна, оценуваат безбедносните служби во државата.

„Безбедносната состојба во државата од аспект на тероризам се оценува како мирна и стабилна и во актуелниот момент нивото на закана по внатрешната безбедност останува ниско“, велат од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за РСЕ.

Тактики за радикализацијаТрендот на радикализација преку виртуелниот свет, кој го забележуваат службите, е неспорен и за професорот Димовски кој посочува дека и таму постојат разлики.

„Разликите се дали тие [лицата што се радикализираат] одат на отворени извори каде што можат да пристапат или евентуално строго по шифри, евентуално преку логирање, претходно некој да ги претстави и најави итн.“, вели Димовски.

Меѓутоа, додава тој, кај нас постои и непосредна односно „радикализација очи во очи“.

Во таков случај, оној што радикализира бира средина каде тоа може да биде влијателен и ценет и да му веруваат за потоа да ја шири идеологијата и да подготвува некои активности.

„Тоа што се прави е една јака индоктринација и прво поттикнување на чувството кај лицата што се радикализираат дека се виктимизирани и обесправени, па дури потоа стигнуваат до одреден степен каде што кај нив се јавува омраза кон овдешниот начин на живеење, кон другите граѓани … Со тоа практично ги подготвуваат за да можат да извршуваат одредени активности“, вели Димовски.

150 повратници од странски боишта Радикалните структури, регрутираа и однесоа стотици македонски државјани и на странски боишта.

Министерството за внатрешни работи, како што информираа оттаму за РСЕ, има евидентирано околу 150 повратници од странски боишта, претежно од Сирија и Ирак. Станува збор за боишта каде војуваат структури на Исламската држава.

„Во моментот на странски боишта се наоѓаат околу пет лица македонски државјани, велат од МВР.

Со слични бројки располага и Трајанов, кој додава дека од страна на Управата за извршување санкции во соработка со други институции и граѓанскиот сектор се спроведуваат програми за да се намалат безбедносните ризици.

Затворски казни од две до 40 годиниУчество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, според македонскиот Кривичен законик, е кривично дело. Во евиденцијата на Основниот кривичен суд Скопје, каде се водат овие постапки, во периодот од 2021 до 2025 има 11 правосилни пресуди со затворски казни од три до десет години.

За кривичните дела „тероризам“ или „терористичка организација“, пак, во истиот период има 20 правосилни одлуки од кои во по еден случај обвинението е одбиено, донесена е ослободителна пресуда, обвинителството се откажало од прогон, како и еден случај со одлука за протерување од државата бидејќи обвинетиот бил странец. Има и две алтернативни казни – задолжително психијатриско лекување. Останатите 14 одлуки се затворски казни кои се движат од две до 40 години.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России