Добавить новость
World News in Macedonian

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Општините бараат уште пет години за легализација на дивоградбите - не се знае колку се ни каде се

Општините бараат уште пет години грејс период за да си ја завршат задачата стара петнаесет години за легализација на дивоградби, ама не знаат точно колку нерешени предмет имаат. Тие преку иницијатива на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) бараат пролонгирање на законскиот рок за решавање на предметите до 2031 година, но без конкретна бројка, без анализа и без јасна и јавна проценка за обемот на проблемот за кој бараат измени во законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Ниту пратениците од владејачката коалиција кои се предлагачи на измените на законот во Собрание не навеле детално објаснување (како што е редовна пракса во предлог измените на законите) за потребата за продолжување на рокот, освен дека ЗЕЛС тврди дека голем дел од постапките не се завршени од бирократски причини.

Од Заедницата (ЗЕЛС)- во која членуваат сите 80 општини, за Радио Слободна Европа потврдија дека немаат направена анализа за реалните потреби на терен за продолжување на рокот на важење на законот за постапување со дивоградбите.

„ЗЕЛС не поседува точни податоци колкава е бројката на овие предмети, но според укажувањата од општините воопшто не е за занемарување, па токму затоа беше покренато и барањето,“се вели во нивниот одговор за РСЕ.

Оттаму додаваат дека причините за нерешените предмети лежат во судски постапки за имотно-правни односи. Оттаму додаваат сите општини имаат незавршени предмети, а вкупните бројки не упатија да ги побараме од управниот и градежниот инспекторат, кои како што велат, имаат задача да ги вметнат објектите во идната урбанистичка документација.

Но, со ова не се согласува Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Оттаму велат дека не е нивна работа да постапуваат по Законот за бесправно изградени објекти, ниту пак имаат законска обврска и надлежност да водат евиденција за предметите кои произлегуваат од Законот.

„Ве упатуваме изворно да побарате од Заедницата на единиците на локалната самоуправа или во надлежните органи кои постапуваат по наведниот закон“, се вели во нивниот пишан одговор за РСЕ.

За нив овој закон е кочничар во нивната работа. Директорот на инспекторатот Зухејр Реџепи во разговор за РСЕ вели дека негов личен став е оти не треба да се продолжи рокот, затоа што надлежноста на инспекторите на терен завршува во моментот кога инвеститорот ќе му покаже документ дека е почната процедура за легализација.

„Кога излегуваме на терен, штом странката ќе ни достави ливче дека предметот и е во постапка за легализација, ние прекинуваме со инспекциска пстапка, така налага законот“, вели Реџепи.

Околу 200 илјади дивоградби чекаат одговори од општинитеВо Инспекторатот располагаат со податоци кои самите ги собирале од општините за свои потреби.

Последните податоци со кои располага Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам покажуваат дека од вкупно 473 илјади поднесени барања од 2011 година, кога стапи на сила законот, до 2024 година, општините решиле малку повеќе од половина, односно речиси 272 илјади предмети.

Но, тоа значи дека во земјава околу 200 илјади објекти се уште се водат како дивоградби, затоа што не добиле или пак биле одбиени за решение за легализација.

Во нив влегуват од цели згради и куќи изградени без потребна документација и одобрение до доградби на катови без дозвола на куќа која е изградена легално, доградби на тераси, подруми, гаражи, летни кујни и слични објекти.

За шест години решени само 26 илјади предмети За споредба состојбата со решени предмети во 2019 година не била драстично поразлична од оваа. До 2019 година биле поднесе над 430 илјади барања за легализација, од кои 246 илјади добиле решение за легализација. Тоа значи дека од кога последен пат објавиле официјални податоци од Министерството за транспорт до 2024 година општините решиле само 26 илјади предмети.

Темпото за решавање на предметите со нелегалниот имот на граѓаните во првите три години од стапувањето во сила на законот е за три пати побрзо од она во изминативе 12 години.

„Ова значи дека во Македонија се веќе процесирани една третина од вкупно поднесените предмети за легализација што е добар напредок на процесот“, изјави тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на 13 август 2014 година.

Но, за втората третина од нерешените предмети, праксата покажа дека на локалната власт и беа потребни десетина години. Имено со законот донесен во февруари 2011 година беше предвидено барања за легализација да се поднесуваат само во првите шест месеци од важност на законот. Со наредните измени овој рок беше избришан и вметнат краен рок за постапување по барањата до 6 март 2026 година.

Дванаесет години подоцна, овој процес заглави на половина, до 2024 година се решени 57 проценти од поднесените барања за легализација, покажуваат податоците на градежниот инспекторат.

Ако законот кој требаше да биде биде преивремен важи две децении, тогаш прашањето е дали станува збор за исклучок или за правило.

Поранешниот заменик градоначалник на Градот Скопје Александар Трајковски вели дека општините премногу бавно го водат овој процес кој, во нормална држава завршува за две до три години.

„Најблизок пример ни е Албанија (Тирана) и Црна Гора, каде што по регулирање на урбанистичките планови, многу брзо се влезе во реализација. Таму објектите што можеа да се легализираат беа легализирани, а оние на траси на патишта или во заштитени подрачја беа отстранети и срушени. За жал, кај нас во овој процес некои криминогени структури од институциите најдоа начин да злоупотребат и да профитираат, што се гледа во неколку примери во градот Скопје и низ целата држава“, вели тој.

Арачиново за 15 години легализирале само 286 објекти Општините Арачиново, Ликово и Пласница во последниве 15 години успеале да решат само десетина проценти од барањата за легализација. Арачиново и Пласница заедно решиле позитивно 460 предмети, а нерешни им останале вкупно три илјади.

Од друга страна во топ 10 општини кои успешно реализирале над 95 проценти од барањата се општина Конче на која и останале уште 20 нерешени предмети од вкупно 730, потоа Богданци кои имаат уште 76 предмети за решавање од можни 2250 и Македонска Каменица со нерешени 76 од вкупно 1608 барања.

Со слична статистика се и Пробиштип, Гевгелија и Демир Хисар кои имаат по стотина предмети останати за решавање, наспроти неколкуте илјади кои им пристигнале во овие 15 години.

Најмалку 37 илјади барања за легализација „фаќаат прашина“ во скопските општини Скопските општини во изминативе петнаесет години примиле вкупно 106 илјади барања за легалзиација на бесправно изграден обејт, од нив две третини се решени, останатите чекаат пролонгирање на рокот за нови пет години.

Со најголем број на предмети се справувале општината Гази Баба каде што 20 илјади граѓани барале упишување на имотот во државните книги, но 11 илјади од нив се уште не го направиле тоа. Најмалку работа и останала на скопскиот Центар, кој има околу 1300 нерешени предмети,

Една од причините поради кои 43 проценти до објектите без документи не се легализирани се партиските „пазари со гласови “ на локално ниво, вели Трајковски. Според него темата „легализација“ за граѓаните значи решавање на животно прашање и партиите ја користат таа емоција во предизборието. Но, како што вели,кога ќе дојдат на власт, ја избегнуваат темата бидејќи нема „популарни поени“, опозицијата секогаш ги напаѓа за корупција и легализирање на она што не треба.

„Такви примери има со ромската заедница во Топаана (Чаир), каде што градбите често не се по стандарди, но луѓето се користат во изборни процеси со ветувања за имотни листови. Исти примери има и во Автокоманда (Гази Баба), Маџари, па и Волково во Ѓорче Петров“, вели Трајковски.

Невладиниот сектор предупредува дека ново продолжување на рокот може само да го одложи проблемот, а воедно да отвори простор за селективно спроведување и злоупотреби. Формално, измените не отвораат врата за нови барања, туку се однесуваат исклучиво на оние граѓани кои веќе поднеле документација и со години чекаат разрешница. Но, во пракса отвараат сомнежи за злоупотреба на законот, како што дел од поранешните градоначалници тврдат дека е во реалноста.

Поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска тврдеше дека во Чаир се направени легализација на 150 објекти кои се изградени по 2011 година, со фалсификат документи и антидатирање на архивски податоци. Таа обвини дека во злоупотребата на законот за легализација во игра покрај инвеститори се и вработени во одредени општини. Дополнително сомнеж остава и законската можност на сопствениците на нелегален објект да докажат дека го поседуваат пред законската граница од 2011 година со нотарска изјава дека не лажат.

„Дивоградбите се нормалното, ненормален си ако градиш по закон. Така порачува државата. Продолжувањето на рокот за легализација е решение за продолжување на беззаконието“, реагираа од иницијативата „Шанса за Центар“, по веста за барањето за нови пет години важност на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Од „Шанса за Центар“ потсетуваат дека Државниот комисија за спречување и заштита на дискриминација (ДКСК) уште пред пет години предупреди на високи ризици од корупција.

Наместо реформа и анализа на нефункционалните процедури, вели иницијативата, сега повторно се нуди пролонгирање.

„Пролонгирањето не носи напредок – туку ја продолжува истата неефикасност. Во меѓувреме, нема јавни податоци, нема отчетност и нема вистинска реформа. Светот инвестира во модернизација, автоматизација и паметни решенија. Кај нас – се продолжува истата постапка која веќе трае со години“, стои во реакцијата на „Шанса за Центар“.

Основната идеја на законот беше да се постави ред во урбанизмот кој беше во хаос поради ненавременото носење на урбанистичките планови. Петнаесет години подоцна, се уште илјадници граѓани чекаат локалните власти да им ги решат проблемите и да им дадат документ за сопственост на имот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России