Добавить новость
World News in Macedonian



Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Камерите од „Безбеден град“ ги намалија прекршоците, но и обесправија дел од возачите

Камерите на системот „Безбеден град“ ги намалија сообраќајните прекршоци кои минатата недела ги имало над 4900. На „прво место“ се прекршоците за управување возило со брзина поголема од дозволената, а веднаш зад нив се оние за минување на црвено светло.
Такви се регистрирани 16, што е двојно помалку во споредба со втората седмица од овој месец, а само во првата, биле регистрирани 163 – покажуваат податоците кои Министерството за внатрешни работи ги достави до Радио Слободна Европа.
Стотина граѓани дневно на шалтерот во зградата на МТВ
Камерите од системот чија имплементација почна на 1-ви февруари, ги има во Скопје, Тетово и Куманово, како и на коридорите 8 и 10. Но, пред и официјално да почне казнувањето на возачите за прекршоците, МВР отвори посебен шалтер во зградата на МТВ.
Сепак, тие таму може да ги променат само контакт податоците кои ги оставиле при регистрација на возилата, а трошокот за тоа паѓа на нивниот грб дури и кога за неточноста не се виновни самите тие.
Вакво нешто доживеал и возач со кој поразговара РСЕ, а кој за промена на податоците платил 50 денари.
„Иако се работеше за симболична сума, не се проблем парите. Се работи за принцип, значи зошто јас да плаќам за нешто што не е моја грешка“, коментира тој за Радио Слободна Европа.
Како што информираат од МВР, дневно на овој шалтер доаѓаат стотина граѓани. Но, дел од граѓаните, воопшто не се запознаени дека тој постои.
„Досега не сум добил никаква казна, сѐ е во ред. Не знам дека има ваков шалтер, првпат сум тука, така да не знам не сум запознаен со тоа“, вели за РСЕ, скопјанецот Владо кој го затекнавме во зградата на МТВ каде всушност и се наоѓа шалтерот за „Безбеден град“.
Доколку казнетите возачи сакаат да го оспорат сторениот прекршок, ќе треба да поведат постапка за судска заштита пред надлежен суд.
Неодамнешен случај од „Илинденска“
Таквото искуство на социјалните мрежи го раскажа скопјанецот Игор. Ј. кој добил казна од 15 евра за пречекорување на брзината, иако како што вели, тој се движел со помала брзина од онаа што е наведена во смс пораката која му пристигнала од полицијата.
Случајот е од булеварот „Илинденска“ во Скопје, каде веднаш покрај возилото на овој скопјанец поминал мотор, чија брзина е забележана на радарот.

Но, пропустот се случува во моментот кога софтверот од камерата бара регистрација во радиусот на објектот што брза. Така всушност, камерата ја „нотира“ неговата регистрација поради што казната за надминување на дозволената брзина стигнува до него.
И тука започнуваат институционалните лавиринти, почнувајќи од шалтерот за „Безбеден град“ во зградата на МТВ.
Но откако таму службеникот му кажал дека не може да поднесе жалба, овој скопјанец се обратил до полициска станица. Од таму, се обраќа до Граѓанскиот суд, па пак назад во полициска станица каде добил „совет“ да ја плати казната додека нејзиниот износ е на половина, на што тој не се согласил.
Откако и по еден ден воопшто не добил записник за наводно сторениот прекршок, повторно отишол во полициска станица, за два часа подоцна конечно да го добие новиот записник со датум од тој ден.
Од таму, новата „дестинација“ повторно е судот каде на прашањето „дали сега ќе биде стопирана штоперицата од осум дена“, добил одговор „не знам“.
Скопјанецот Игор вели се надева дека судот ќе ангажира стручно лице од областа на сообраќајот, а за решението на системот за вакви жалби смета дека уште е во „минатиот век“ каде граѓаните треба со хартиени копии од документи да шетаат по шалтери.
Неговата објава во која го објасни ваквото искуство, стана вирална и лесно ги извади на површина системските слабости. Граѓаните коментираат дека обидот да се дојде до правда во случајов, чини повеќе одошто самата казна.
Ако на сето ова се додаде фактот дека луѓе кои работат по осум часа дневно треба речиси исто толку да трошат за да се објаснуваат дека се казнети за прекршок кој не го сториле, тоа може да се резултира и со изгубена продуктивност.
„Системот е направен за да се откажеш од жалба. Не е фер кон чесните граѓани. Бесен сум само што читам за туѓа мака, а тек да поминувам низ тоа “, коментира еден од граѓаните под објавата.
Друг пак аргументира – ако државата комуницира преку смс пораки, зошто тогаш граѓаните да комуницираат преку разноразни формулари, со кои треба да докажеш дека институцијата е таа која греши.
И поддршка и забелешки
Граѓаните со кои поразговара РСЕ, го поддржуваат системот „Безбеден град“, но имаат и забелешки.
Младиот Еливс кој живее во Германија, вели дека таму и кога ќе добиеш казна, никој не ти го одзема возилото. Според скопјанецот Стефан, надлежните треба да направат таканаречен зелен бран бидејќи како што вели, така ќе се намали сообраќајниот метеж.
Инаку, своите забелешки, нејаснотии и прашања поврзани со функционирањето на овој систем, граѓаните може да ги достават и електронски на посебната пошта која ја отвори МВР за оваа цел. Министерството најави дека сите забелешки ќе ги евидентира за поефикасна комуникација со граѓаните.
Сепак, докажувањето дека не ги направиле прекршоците за кои ги товари државата нив ги чини многу повеќе време и пари отколку самата казна. Според некои, треба да се легализираат камерите во возилата, чии снимки оштетените граѓани би можеле да ги искористат како доказ.
Граѓаните имаа забелешки за овој систем уште за време на тест периодот, но тогаш ресорниот министер Панче Тошковски во телевизиско гостување изјави дека
„и покрај современата технологија, можни се технички грешки“.
Како можни фактори кои би довеле до тоа тој ги наведе светлината, временските услови или други околности кои би можеле да влијаат врз читањето на регистарските таблички.
„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата основна цел е да спасува животи и да обезбеди поголема безбедност во сообраќајот. Важно е одговорност да сноси оној што го сторил прекршокот“, изјави Тошковски пред еден месец, наспроти искуството од улиците кое покажува дека одговорноста може да ја сносат и оние кои не се одговорни за сторениот прекршок.
Во периодот од 16-ти до 22-ри февруари, во градовите и на коридорите каде се поставени камери, полицијата изрекла вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“ или 20,9 отсто помалку од изречените во неделата претходно,

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России