Добавить новость
World News in Macedonian



Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Балканот се соочува со нова несигурност поради војната меѓу САД и Иран

„Наскоро доаѓаме“ и „Ви ги кажавме нашите предупредувања“ - ова се некои од пораките објавени на англиски јазик на 9 и 10 март на каналот наречен „HomeLand Justice“ на платформата Телеграм.

Овој канал претставува група која ја презеде одговорноста за неколку сајбер напади врз институциите на Албанија од 2022 година.

Последниот напад се случи во вторник, а целта беше е-поштата на Парламентот на Албанија.

Ова го потврди и самото албанско законодавно тело, наведувајќи дека нападот „имал за цел бришење податоци и компромитирање на некои внатрешни системи“.

После тоа, Националната агенција за сајбер безбедност објави дека формирала работна група „за анализа на случајот и дека тимовите се на терен, каде што спроведуваат техничка анализа и преземаат потребни мерки во врска со оваа ситуација“.

Досега, Националната агенција за сајбер безбедност не објави никаква изјава во која се даваат дополнителни детали за нападот или точниот обем на штетата.

Во меѓувреме, Собранието објави дека нивните технички тимови работат на „враќање на избришаните податоци во корисничките сметки“.

Што е познато за групата „HomeLand Justice“?Според анализата на американскиот технолошки гигант Microsoft, „HomeLand Justice“ е поврзана со иранската влада.

Во своите објави на Телеграм, хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран.

„Кога поддржувате терористи, мора да знаете дека ќе платите цена за тоа, на секој начин“, се вели во една од објавите на групата на 10 март.

Во други објави, групата ги обвинува албанските политичари дека ги следат „наредбите на Американците“ и предупредува дека овој напад е „само врвот на ледениот брег“.

На 28 февруари, кога САД и Израел започнаа напади врз Иран, албанскиот премиер Еди Рама ја поддржа американско-израелската операција, велејќи дека земјата што ја управува директно се соочила со „варварското лице на режимот во Техеран, преку неговите кибер-агресии“.

Безбедносните експерти беа поделени околу тоа дали присуството на МЕК во Албанија го зголемува ризикот или нема ефект врз можните напади од страна на Иран по почетокот на војната со САД.

По почетокот на војната во Иран, меѓународните безбедносни експерти предупредија дека ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран го зголемува ризикот од можни терористички напади или тајни операции надвор од традиционалните конфликтни зони.

Според анализа објавена од американското списание „Атлантик“, Иран историски користел разни мрежи и методи за одмазда против противниците, особено кога се соочува со голем политички или воен притисок, вклучително и напади што потекнуваат надвор од иранската територија.

Во меѓувреме, извештаите од „Њујорк тајмс“ истакнуваат дека американските разузнавачки агенции ја следат можноста Техеран да активира сојузнички групи во различни региони за да ги нападнат интересите на САД или оние на неговите сојузници.

Кој е вистинскиот ризик во Албанија и Косово?Иако Албанија има историја на затегнати односи со Иран, безбедносните експерти сметаат дека по почетокот на војната меѓу САД и Иран, постои одреден ризик и за другите земји.

Безбедносниот експерт од Косовскиот центар за безбедносни студии, Ментор Врајоли, нагласува дека сегашната ситуација бара посериозна институционална подготовка, имајќи го предвид начинот на кој Иран со години дејствувал надвор од нејзината територија.

„Познато е низ целиот свет дека Иран со децении дејствува охрабрувајќи влијателни ќелии надвор од земјата, кои имаат за цел да им наштетат на интересите на западните земји“, вели тој.

Според Врајоли, потенцијалниот ризик за Косово и Албанија е поврзан со нивната јасна политичка и стратешка ориентација кон западните сојузници.

Тој нагласува дека поради нивната отворена поддршка на американските и европските интереси, обете земји би можеле да се сметаат за потенцијални цели на индиректни непријателски дејствија.

Сепак, тој верува дека директното иранско влијание во Косово и Албанија не е особено изразено.

„Во тие земји, религиозното влијание најчесто доаѓало од други актери“, објаснува Врајоли, додавајќи дека религиозните заедници во регионот најчесто се поврзани со сунитската традиција, а со влијанија од Турција или други земји, а не со шиитските струи кои се потесно поврзани со Иран.

Сепак, ризикот не може целосно да се исклучи. Врајоли предупредува дека дури и изолирани инциденти можат да предизвикаат сериозни последици.

„Еден инцидент може да предизвика голема штета, па затоа будноста мора да биде на високо ниво за да се спречи какво било можно сценарио“, вели тој.

Врајоли додава дека сајбер нападите остануваат една од најреалните закани, потсетувајќи дека Иран извршувал вакви напади дури и во периоди кога немало отворен конфликт.

Со оглед на тоа, тој верува дека институциите на Албанија, но и на Косово, мора да бидат подготвени и „заштитени“ од закани во дигиталниот простор.

Што прави Косово?Само еден ден по почетокот на војната во Иран, во Косово се одржа вонредна седница на Советот за безбедност, свикана од премиерот на земјата, Албин Курти.

Шефот на извршната власт на Косово „повторно го нагласи јасниот став на институциите на Република Косово дека остануваат непоколебливи со нашите пријатели и стратешки сојузници, а особено со Соединетите Држави, во напорите за зачувување на меѓународниот мир, безбедност и стабилност“, се вели во соопштението.

Иако премиерот рече дека Косово внимателно ги следи можните импликации за земјата и регионот, косовската полиција не одговори на прашањата на Радио Европа Слободна за тоа дали спроведува некаков план за посебна заштита по оваа ситуација, ниту дали е евидентиран некаков инцидент поврзан со неа.

Претходно, ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи, ниту Претседателството на Косово не одговорија на РСЕ за можните импликации или конкретни мерки што би можеле да се преземат.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России