Црна Гора обвинува руски националисти за обид за убиство на Ѓукановиќ
Истрагата нема докази за вмешаност на руските власти во обидот за државен удар во Црна Гора, изјави специјалниот јавен обвинител на земјата Миливој Катниќ, пренесува „Лента.ру“.
Медиум: На Балканот почна нова рунда конфликт меѓу Русија и Западот
„Немаме докази дека руската држава на некој била вмешана во тоа. Ние ќе ја продолжиме нашата соработка со Русија, затоа што организаторите на криминалната група се државјани на Русија“, изјави тој.
Според истрагата, криминалната група, која планирала државен удар на денот на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври, се состои од 50 лица - државјани на Русија, Србија и Црна Гора. „Нивната цел била да се запре Црна Гора на нејзиниот пат кон евроатлантските земји, особено нејзиното присоединување кон НАТО“, изјави Катниќ.
Претходно агенцијата „Ројтерс“ соопшти дека Катниќ изјавил дека зад обидот за државен удар стојат руски националисти, кои помеѓу другото, сакале да го убијат и премиерот на земјата Мило Ѓукановиќ.