Песков: Апсурд е претпоставката дека Русија влијаела врз изборите во САД
Кремљ ги нарече апсурдни претпоставките дека некоја земја, вклучувајќи ја и Русија, може да има влијание врз изборната кампања во САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Путин му го честиташе на Трамп изборот за претседател на САД
„Ве повикувам да се потсетиме на зборовите на претседателот Путин, кои тој ги кажа на Валдајскиот форум, тоа беше пред изборите. Тој истакна дека би било апсурдно да се мисли дека секоја земја во светот, вклучувајќи ја и Русија, може да влијае на предизборната кампања во САД“, изјави тој, одговарајќи на прашањето дали Русија можела да изврши влијание врз расположението на САД пред изборите.
Според Песков, „според оваа позиција на претседателот предлагам да се раководите при овие проценки“, пренесува РИА „Новости“.