Украински министер: Заминувањето на Крим го чини Киев 100 милијарди долари
Министерот за правда на Украина Павел Петренко изјави дека Киев ги проценува загубите поради присоединувањето на Крим кон Русија на 100 милијарди долари,
Петренко притоа истакна дека тоа се груби процени и дека треба да се утврди точната сума. Министерството за правда подготвува нова тужба против Русија пред Европскиот суд за човекови права поради присоединувањето на Крим, пренесува „Взгљад”.
Пасошка дипломатија: Зошто Русија ги призна документите на ДНР и ЛНР?
„Прелиминарните процени се однесуваат само на Крим: околу 100 милијарди долари“, изјави Петренко.
Од моментот на присоединувањето на Крим кон Русија Украина наведува различни суми при процената на загубите. Во јули 2016 година Киев соопшти дека украинските државни институции загубиле имот вреден повеќе од 6,6 милиони евра, а во март истата година воениот обвинител на Украина ги процени загубите на околу 35 милијарди евра.
Претходно министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин изјави дека компензацијата за Крим и Донбас ќе изнесува повеќе од 50 милијарди долари, вклучувајќи го и „песокот што не можеме да го искористиме“.
Украина против Русија поднесе тужби во Европскиот суд за човекови права со кои бара надомест на штетата поради присоединувањето на Крим. Поранешниот премиер на Украина Арсениј Јацењук тогаш изјави дека Киев планира да се суди со Русија во врска со секоја загуба на имот на Крим.