Поранешниот руски министер Абизов во привор за измама
![Поранешниот руски министер Абизов во привор за измама](https://gdb.rferl.org/20910DFE-FE60-4558-8C06-4F16485734FF_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Поранешниот руски министер Михаил Абизов изјави дека не е виновен за измама и им порача на властите дека ќе соработува во истрагата. Судот по неговото вчерашно апсење му определи притвор на Абизов до 25 мај и покрај барањето на одбраната за негово ослободување со кауција од 15,5 милиони долари.
Абизов е обвинет за вмешаност во криминална група која проневерила околу 62 милиони долари од од сибирската енергетска компанија и регионалната електрична мрежа во Новосибирск. Абизов се смета за близок сојузник на рускиот премиер Дмитри Мдведев.