Русија забранува извоз на нафта и јаглен во Украина
Русија ќе забрани извоз на нафтени производи и јаглен во Украина од 1 јуни, според владиниот указ кој денеска го потпиша премиерот Дмитри Медведев. Како што пренесува руската новинска агенција ТАСС, Медведев ја образложил оваа мерка со одлуката на Украина од пред неколку дена да го прошири списокот на руски производи забранети во Украина, што ја принуди Русија да преземе возвратни мерки. Од 1 јуни, јагленот, нафтата, нафтените деривати и уште неколку руски индустриски производи нема да може да се продаваат во Украина. Читать дальше...