Руски и ирански дипломати на средба за нуклеарниот договор
Тие разговарале за одлуката на Иран да не почитува неколку одредби од договорот меѓу земјата и САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија. Иран донесе таква одлука по повлекувањето на САД од договорот и воведување на нови санкции врз Техеран.