Дождот предизвика поплави во Тетово
Обилниот дожд кој падна вечерва предизвика поплави во Тетово. Како што јавува ТВ 21, дел од улиците се полни со вода, а поплавени се и дворови, подруми.
Како што јавува Канал 5 пак, речиси целосно се поплавени улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица, неколку улици околу касарната, но и локалниот пат од Тетово кон Фалише кај подвозникот.
Обилен дожд вечерва го зафати и Скопје, а на социјалните мрежи се појавија видеа со поголеми количини вода на улиците во главниот град.
Невремињата стануваат безбедносна закана
Како што јавија од УХМР, врнежи од дожд ќе во текот на ноќта, а пообилни се најавуваат во западните делови (над 20 л/м2 за 12 часа).
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.