Добавить новость
World News in Macedonian

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Катар наспроти Саудиска Арабија: како ќе реагира Русија на новиот конфликт?

Катар, мала (површина 11.586 квадратни километри, население од 2.4 милиони жители) арапска земја на брегот на Персискиот залив, на 5 јуни го привлече вниманието на целиот свет. Шест држави: Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Египет, Јемен и Малдиви, како и привремената влада во Либија ги прекинаа сите свои односи со Доха.

Ројтерс

Катар беше директно обвинет дека го поддржува тероризмот („Исламска држава“, „Ал Каеда“ и „Муслимански браќа“) и дека го дестабилизира блискоисточниот регион. Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин им дадоа на сите Катарци рок од две недели да ја напуштат нивната територија. Од Министерството за надворешни работи на Катар изјавија дека „жалат“ за активностите на земјите кои ги прекинале односите со него.

Иранскиот фактор

Нападот против малиот, но богат со јаглеводороди (3 место во светот по резерви на природен гас) Катар е поврзан со заострениот конфликт помеѓу Саудиска Арабија и Иран, претпоставува арабистот Григориј Косач, професор на Катедрата за Современ Исток при Рускиот државен хуманистички универзитет (РГГУ). Саудијците го сметаат Техеран за најголемото зло на Блискиот Исток и се стремат да создадат сојуз на арапски земји за борба против иранската закана.

Лавров: Русија нема да се меша во односите на Катар и арапските држави

Катар за возврат, забележува експертот, води независна политика и си плаќа за тоа. „[Неодамнешните] изјавите на емирот на Катар шеикот Тамим за тоа дека Иран е важна регионална држава и нејзината улога треба да се земе предвид, беа осудени од саудиската престолнина“, вели Косач за „Руска реч на македонски“.

Официјална Доха подоцна одговори дека изјавата на емирот е лажна вест, но тоа не го скроти гневот на Саудијците - уште повеќе што Катар, како што забележува Антон Мардасов, шеф на Одделот за истражување на блискоисточните конфликти при Институтот за иновативен развој, всушност соработува со Иран, вклучително и во Сирија, каде што земјите договараат размена на заробеници меѓу шиитите и сунитите.

Посетата на Доналд Трамп на Ријад на 24 мај исто така, ја одигра својата улога - тогаш американскиот претседател целосно го поддржа кралството, велејќи дека Иран е најголема закана за Блискиот Исток. „Оваа посета, се разбира, ја инспирира саудиската елита и ѝ влеа нови надежи“, појасни Косач. Затоа наскоро по посетата Саудијците одлучија да нанесат удар на непослушниот емират.

Проблематичните односи со Москва

Москва има сложена историја во односите со Доха. Во 2004 година во Доха агенти на руските тајни служби го убиваат Зелимхан Јандарбиев - еден од лидерите на чеченските сепаратисти, кој во тоа време се крие во земјата. Двајца соработници на тајните служби се осудени од страна на локалните власти на доживотен затвор и дури по долги преговори се вратени во Русија.

Доха / Ројтерс

Во ноември 2011 година избувна нов скандал откако рускиот амбасадор Владимир Титоренко беше претепан од цариници на аеродромот во Доха. Медиумите го поврзуваат случајот со непријателството меѓу Русија и Катар во Сирија, каде што Москва го поддржува режимот, а Доха - опозицијата. По инцидентот Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Катар.

Покрај несогласувањата за Сирија, Русија и Катар се конкуренти и на пазарот на природен гас. Постојат претпоставки дека војната во Сирија е скршена, бидејќи рускиот сојузник Ал Асад ја блокирал идејата во неговата земја да се трасира гасовод, преку кој гасот од Катар би стигнувал до Европа.

Сепак, повеќето експерти не ја поддржуваат оваа теорија. Михаил Крутихин, експерт за нафтен и гасен пазар, во статија за „Форбс“ (The Forbes) објаснува дека усвојувањето на гасовод кон Европа во Сирија чисто и едноставно би било економски неповолнo за Катар. „Проекти за испорака на катарски гас во Европа по копно е губитничка опција во споредба со снабдувањето на течен гас по море“, пишува Крутихин.

Нема кого да поддржи

Патем, колку и сложени да се руско-катарските односи, односите на Москва со противникот на Доха во регионот - Саудиска Арабија, не се многу добри. „Русија како целина има сложени односи со земјите од Заливот“, тврди Антон Мардасов. „Во моментов се обидуваме да ги подобриме“, додава тој. Во оваа ситуација, смета експертот, за Русија нема смисла да се занимава со која и да е страна во конфликтот, која не ја засега.

Зошто Русија не сака да влезе во ОПЕК?

Григориј Косач ја дели истата гледна точка: според него основното за Москва во овој конфликт е несогласувањата да не доведат до сериозни турбуленции на пазарот на јаглеводороди - кон останатото е рамнодушна. „Русија нема да добие никакви плусови ако поддржи една од завојуваните страни“, вели Косач за „Руска реч на македонски“. „Најразумно, според мене, би било да се заземеме позиција на апсолутна неутралност со официјална реторика во духот на 'момци, не карајте се'“.

Во моментов Русија се однесува токму на овој начин. Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, изјави дека Москва нема намера да се меша во внатрешните работи на Заливот и изрази надеж дека ситуацијата таму ќе се реши по мирен пат. Обвиненијата против Катар дека го поддржува тероризмот, тој одби да ги коментира.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России