Захарова: Почна пропагандната кампања против Дамаск
Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека против Сирија почнала „информациско-пропагандната кампања за примена на хемиско оружје од страна на Дамаск“.
„Како и што предупредувавме пред неколку дена, почна информациско-пропагандната кампања за „примена на хемиско оружје од страна на Дамаск“. Стартот е даден. Такви видеа ќе има сѐ повеќе, ќе бидат различни според квалитетот на реализацијата – и такви со слаб квалитет како овој, и на холивудско ниво. Ќе има многу фалсификати, планирана е масовна кампања“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.
Претходно Захарова изјави дека има информација за провокации кои ги подготвува Западот во Сирија, пренесува RT.