Трамп: Време е за конструктивна работа со Русија
„Двапати силно го притиснав претседателот Путин по повод руското мешање во нашите избори. Тој категорично го негираше тоа. Јас веќе го изразив моето мислење“, напиша Трамп на „Твитер“.
Медиум: Путин и Трамп 40 минути дискутираа за „мешањето на Русија“ во САД
Според него, тие се договориле за прекин на огнот во сириските провинции кој ќе спаси мноштво животи.
„Сега дојде време да се движиме напред во конструктивната работа со Русија“, потенцира американскиот лидер, пренесува RT.