Порошенко изјави дека е заинтересиран за укинување на антируските санкции
Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека е „сложено да се најде човек“ кој е позаинтересиран за укинување на антируските санкции од него. Ова тој го изјави на заедничкиот брифинг со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, пренесува „Газета.ру“.
Путин: интересите на народите на Русија и Украина се совпаѓаат
„Тврдев дека е сложено да се најде човек кој би бил позаинтересиран за укинување на санкциите од укринскиот претседател, затоа што санкциите се поврзани со мирот и ослободувањето на украинска територија, и јас се стремам кон тоа“, изјави Порошенко.
Претходно претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека антируските санкции нема да бидат укинати сѐ додека не бидат решени проблемите во Украина и во Сирија.