На денешен ден: Бакарниот бунт во Москва
Монетарните реформи спроведени од страна на владата на царот Алексеј Михајлович за покривање на воените трошоци за Втората северна војна со Полска предизвикуваат постепено влошување на руската економија.
Во 1654 година руската влада донесува одлука за издавање на бакарни пари во големи количини и ги изедначува со сребрени пари. До крајот на 1650 земјата се соочува со деноминација, хиперинфлација и масовно производство на фалсификувани пари. „Финансиската катастрофа“ ги погодува речиси сите сегменти на населението, особено ситните трговци.
Ноќта на 4 август 1662 година (25 јули 1662 по стар календар), црни списоци со имиња на луѓе одговорни за ваквите економски последици се истакнуваат низ целиот град. Бакарниот бунт започнува истиот ден во раните утрински часови и продолжува до попладнето. До 10000 луѓе учествуваат во востанието. Сите овие луѓе се упатуваат до резиденцијата на царот во Коломенское, да бараат предавање на „предавниците“ и обнова на економијата. Додека да стигнат до Коломенское, царската армија веќе е собрана за да им се спротивстави на бунтовниците. По наредба на царот, војската ја напаѓа толпата која е многу помалку вооружена. Како резултат на тоа, речиси 1000 луѓе се убиени, обесени или удавени во реката Москва.
Бунтот предизвикува страв меѓу државните функционери и една година подоцна бакарните пари се укинати.
7 факти за Иван Грозни, првиот руски цар