Патничкиот авион МС-21 ќе добие руски мотор во 2019 година
Како што изјави првиот човек на корпорацијата „Иркут“ Олег Демченко, моторот ќе биде вграден во еден од првите два склопени авиони.
„Во 2019 година кај нас на авионот Бр. 1 или Бр. 2 ќе биде вграден домашен мотор ПД-14. Некаде до 2020 година ќе бидеме подготвени да започнеме со тестирањето во лет на овој мотор“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.
„Иркут” планира кон крајот на 2017 да почне со сериско производство на МС-21
Според Демченко, на тој начин МС-21 ќе биде во можност да лета и со американски мотор „Прат и Витни“, и со рускиот ПД-14, кој го прави Здружената корпорација за производство на мотори (ОАК).
Првиот човек на ОАК Александар Артјуков изјави дека развојот на ПД-14 оди според планот и дека рускиот сертификат треба да биде добиен во вториот квартал од 2018.
„Сметаме дека воспоставените според планот рокови за добивање на руски сертификат во вториот квартал на 2018 година ќе бидат обезбедени, што ни дава можност да извршиме испорака на моторите за започнување на испитувањата за летање и сертификација на МС-21 до крајот на 2018 година“, изјави Артјухов.
Првите летни испитувања на авионот МС-21 се реализираа на 28 мај. Исто така, беше објавено дека корпорацијата„Иркут“ планира да почне со сериско производство на новиот руски авион МС-21 на крајот на 2017 година.