Добавить новость
World News in Macedonian



Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Руска сила за целосно ослободување на Сирија

Сириската арапска армија (САА) во изминативе денови успешно ја заврши операцијата во која значајни терористички сили на таканаречената Исламска држава се ставени во оперативно опкружување. Овие сили се опколени во поширокиот реон на градот Акербат кој се наоѓа источно од градовите Хомс и Хама. Според податоците на разузнавачките служби на сириската и руската армија во опкружувањето се нашле неколку илјади терористи. Значајна улога во оваа операција имале ВКС на руската армија. Ловечко-бомбардерските ескадрили, како и офанзивните хеликоптери, активно даваа борбена поддршка на единиците на 5 корпус и на деловите на 18 тенковска дивизија на САА, кои беа носители на овие борбени дејствија. Притоа се неутрализирани голем број цели, како непосредно на главниот правец на нападот, така и во длабочината на непријателската територија.

Успешната ликвидација на блокираните терористички сили во „Акербатскиот котел“ во голема мера ќе ги ослободат сириските сили кои се ангажирани во одбраната на градовите Хомс, Хама и Палмира, од источен и од јужен правец, и ќе создадат поволни услови за замав на колосала офанзива кон истокот од земјата.

Акербат претставува гратче со релативно мала популација (околу 10.000 жители). Но, тоа се наоѓа на стратешки исклучително важно место. Заштитен со голем број топографски објекти кои се наоѓаат околу него, и недоволно развиени комуникации, стана идеално место за концентрација на поголеми групи екстремисти кои избегнаа уништување во борбите околу Палмира, но најдоа прибежиште во делови на терористичките сили кои избегале од регионот на градот Рака. Општите проценки се дека пред операцијата на сириската армија на овој простор се наоѓале околу 3.500 екстремисти. Благодарение на стратешки добрата позиција, Акербат стана истурено упориште од кои терористичките сили можеа да изведат напад во кој било правец чувствителен за владините единици. Ова особено се однесува на важниот комуникациски правец Хомс-Палмира кој претставува „артерија“ за снабдување на сириската офанзивна група која преку Сухна продира на истокот и југоистокот од државата. Исто така, од северна страна минува и мошне важен комуникациски правец кој ги поврзува централните делови на Сирија со Алепо, а кој долги години беше буквално единствена копнена врска односно „коридор“ на сириските сили кои се бореа и Алепо. Целата оваа траса мораа да ја бранат силите на сириската војска и доброволците, а најтесен дел од овој „коридор“ беше кај градот Итрија.

Конечно, во реонот на овој град се наоѓа мрежа на извори на нафта и гас кои се максимално експлоатирани од страна на терористите, што им даваше важна финансиска потпора за изведување воени операции. Со губењето на ова подрачје извесен е финансискиот крах на „црната“ економија која почиваше на класичен енергетски бандитизам.

Слободан Ѓукиќ

Не постои сомневање дека руската поддршка од воздух беше клучен фактор за успех на копнените сили на сириската војска. Непријателот вешто го искористи брдскиот терен за да се заштити од директниот судир со надмоќните сириски единици, користејќи голем број природни скривалишта. Масовно ги користеше меѓупросторите помеѓу брдата и теснините за изведување дејствија од заседа кои оневозможуваа сериозен напредок на овој сектор. Сето ова изискуваше поефикасна поддршка од воздух со употреба на најсовремени борбени средства што ги поседува руската армија. Покрај борбените средства, руските ВКС спроведоа сериозна подготовка на операцијата со детално скенирање на регионот на Акербат од космосот и од воздух. Во оваа пригода е спроведена и операција на континуирано кружно извидување во која се ангажирани голем број беспилотни средства за извидување, кои покрај откривањето на непријателот, насочуваа и оган на него.

Руското министерство за одбрана излезе и со првите прелиминарни податоци кои на најдобар можен начин даваат увид во размерите и ефикасноста на руската воздушна кампања за време на изведувањето на оваа операција. Имено, уништени се повеќе од 730 објекти кои служеле за живеење на терористите и за складирање на нивните средства (подземни бункери, магацини со вооружување, скриени места за борбена техника). Руската авијација извела вкупно 290 борбени летови, додека извидувачката компонента составена од беспилотни летала извела 120 летови. Ова во огромна мера ја олесни офанзивата на сириската војска, која за половина ден направи клин во длабочина и до 25 километри на непријателскиот фронт, и, со практично минимални загуби, до крајот на денот ја постигна главната цел на операцијата.

Во следните етапи на операцијата се очекува „расекување“ на опколените непријателски групации на повеќе мали обрачи, и нивна постепена ликвидација што ќе резултира со целосен слом на таканаречената Исламска држава во централните, но и во источните делови на Сирија. Ова конечно ќе отвори пат за можеби и најкрупната, победничка офанзива на сириската војска, поддржана од своите сојузници, на градот-херој Деир ер Зор, кој веќе со години егзистира во тотално опкружување од страна на терористичките сили.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.com — международная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России