Саудиска Арабија пресретна балистичка ракета над Ријад
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитските Хути бунтовници во Јемен соопштува дека денеска проектилот бил пресретнат над Ријад, а на видеа објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад на небото.
Во меѓувреме бунтовниците Хути соопштуваат дека истрелале балистички проектил целејќи кон палатата Јамама. Нивната телевизиска мрежа Ал Масира известува дека целта била голем собир на саудиски лидери.
Дописникот на АФП слушнал силна експлозија непосредно пред објавувањето на саудискиот буџет, кој вообичаено се објавува од палатата на кралот Салман, соопшти агенцијата. Минатиот месец Саудиска Арабија пресретна два проектили лансирани од Јемен.