Полицијата на Хрватска и Србија уапси 17 осомничени за криумчарење мигранти
Оттаму информираат дека група од 12 српски државјани и еден Авганистанец била уапсена во Белград и во четири други градови во северна Србија, а хрватската полиција наведува дека уапсила четворица осомничени.
Во соопштението се вели дека криминалната група се сомничи дека помогнала за нелегален премин на границата и транспорт на вкупно 82 мигранта од Авганистан, Иран и Ирак, од кои се земани по 1.500 евра за човек.