ЕУ ги повика земјите од Балканот да ги забрзаат реформите
Во денешно интервју за Радио Слободна Европа европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос особено посочи дека Украина и Молдавија се земји кои треба да ги забрзаат реформите.
Тој рече дека засегнатите земји треба да ги забрзаат нивните напори за решавање на илегалната миграција и особено во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Аврамопулос зборуваше откако Европската комисија објави извештај за тоа како Албанија, БиХ, Грузија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина да ги имплементираат нивните безвизни режими со ЕУ, како и за реформите за владеењето на правото.
Ова е прв ваков извештај откако ЕУ го усвои механизмот за визна суспензија и откако договорите за визна либерализација на почетокот на оваа година овозможија граѓаните на Грузија и Украина да патуваат слободно во шенген зоната. Механизмот за суспензија овозможува безвизните режими да бидат прекинати под одредени околности.