Вучиќ: Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот Белград-Приштина
Вучиќ е во неколкудневна посета на Москва при што истакна дека доколку Албанците сакаат во преговорите да се вклучат и САД, српската страна ќе бара во нив да учествува и Русија со цел дијалогот да биде валиден.
„За нас тоа би било сосема логично, бидејќи Русија не ја призна еднострано прогласената независоност на Косово. Само бараме рамноправен однос по тоа прашање“, изјави Вучиќ.