Средба во Баку на министрите за надворешни работи на Иран, Турција и Азербејџан
На средбата тие ќе разговараат за прашања во различни економски области, вклучително транзит, транспорт, енергија, царина, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. Зариф и Чавушоглу се очекува по средбата да одржат заедничка прес-конференција.