Стојанче Стоилов спортист на Македонија за 2017 година
Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов е избран за спортист на Македонија за 2017 година. Тој со својата екипа оваа година ја освои титулата европски првак, а наградата на свеченоста што се одржа во Драмскиот театар во Скопје му ја врачи премиерот на Република Македонија Зоран Заев. Наградата најдобра спортиска на Македонија за 2017 година ја доби каратистката Јована Георгиева, која освои бронзен медал на Европското првенство во Коџаели, Турција. Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија и тренер на европскиот првак Вардар Раул Гонзалез ја доби наградата за најдобар селектор за 2017 година.