Заев - И мене и на граѓаните им е преку глава од притворот
Заев очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собрание
Премиерот Зоран Заев очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања.
Доколку утре не дојдат, како што вели, седницата ќе биде многу кратка, бидејќи нема намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.
На средбата со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Заев му пренел дека судот се надвор од нивната надлежност.
„Неколкупати потенцирав дека притворот треба да се користи како крајна инстанца. Мислам дека мене и на граѓаните им е преку глава од притворот и дека притворот се користи како казна. Сакам транспарентна постапка за сите и ако има докази да одговараат, а доколку нема да не одговараат“, рече Заев одговарајќи на прашање по презентацијата на финалната верзија на планот за економски раст.