Филипче: Зголемување на паушалите за дежурства
"Значајно е зголемувањето, некаде околу 100 проценти, се уште се изработуваат точните анализи за да процениме кога тоа ќе може да се почне. Но, најверојатно дека зголемувањето на дежурствата ќе почне во априлската исплата, односно за мартовската плата", рече Филипче.
Прашан дали е информиран дека дел од лекарите ќе поднесат и тужби, бидејќи не се исплаќани согласно колективниот договор, Филипче вели дека во наредниот период ќе престои и промена на колективниот договор.