Втора недела протести во Иран
Антивладините протести низ Иран влегоа во втора недела, во услови кога Техеран ги обвинува Соединетите држави за мешање во нивните внатрешни работи откако американскиот претседател Доналд Трамп им понуди поддршка на демонстрантите „во соодветно време.“
Со блокирањето на социјалните мрежи од страна на иранската влада, не е јасно дали денешните протести беа помали во однос на претходните шест дена.
Антивладините протести во кои загинаа најмалку 22 лица и повеќе од илјада беа уапсени, се најголемиот предизвик за иранските власти во скоро една декада.
Протестите започнаа поради економските тешкотии со кои се соочуваат младите и работничката класа во Иран, а се развија против моќта и привилегиите на елитите, особено на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.