Грчкиот суд одобри екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Судот во Солун денеска ја соопшти одлуката да бидат екстрадирани во Македонија поранешните разузнавачи на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлуката која беше донесена на 22 декември беше соопштена денеска, бидејќи во грчкиот суд немаше кој да ја прочита на македонски јазик поради неможноста да се најде преведувач.
Грујевски и Бошковски во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на опрема за прислушување.
Грчкиот портал „Вориа“ известува дека по објавувањето на пресудата двајцата обвинети поднеле жалба против одлуката на судот за случајот да биде разгледан во Врховниот суд во Атина.