ДС предлага детектирање на загадувачите со дрон
Загадувачите на воздухот во Скопје, Тетово, Битола и другите градови да се детектираат со користење на дрон, предлага партијата Демократски сојуз (ДС). Оттаму наведуваат оти е очигледно дека малиот број на еколошки инспектори не можат да се справат со загадувачите на воздухот, посебно тие што користат искористено моторно масло или масло за јадење, пластика, гуми, стиропор и други недозволени средства за затоплување и производство.
„Сугерираме Министерството за животна средина и просторно планирање да набави дронови и започне со откривање на загадувачите на воздухот и трујачите на граѓанит“, велат од партијата.
ДС предлага засилен и постојан мониторнинг над депонијата „Дрисла“ за да се спречи загадување при горење на медицински отпад или можно депонирање на друг опасен отпад.