На 15 јануари собраниска седница за ратификација на договорот со Бугарија
Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија е ставен на дневен ред на 30. седница на македонското Собрание закажана на 15 јануари, откако предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика.
Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерте на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов за унапредување на добрососедството и развивање сестрани меѓусебни односи согласно меѓународното право.