Тилерсон останува на функцијата и во 2018 година
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека планира да остане на неговата функција и во 2018 година и покрај шпекулациите дека ќе се повлече поради затегнатите односи со претседателот Доналд Трамп.
Во интервју за СиЕнЕн, тој посочи дека администрацијата на Трамп имала многу успешна година и сега спроведува политики кои тој се надева оти ќе водат до уште поуспешна 2018 година. ЕнБиСи во октомври, минатата година јави дека Тилерсон го нарекол претседателот морон по средбата во Пентагон.