Вооружен маж се заканува со бомбашки напад на зграда во Белград
Српските медиуми јавија дека вооружен маж се заканува дека со бомба ќе разнесе зграда во белградската населба Раковица, а полицијата се сомнева дека држи и заложници. Во моментот се преговара со него. Околу зградата има големи полициски сили и блокиран е влезот, додека сообраќајот се пренасочува.