Твитер нема да ги блокира постовите на светските лидери
Твитер соопшти дека нема да ги блокира постовите на светските лидери и кога нивните изјави ќе бидат контроверзни, бидејќи социјалната мрежа сака да ја промивира јавната дискусија за политички прашања.
Твитер ја објави одлуката по неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп напиша статус за употребата на нуклеарно оружје што предизика критики дека социјалната мрежа дозволува закани за насилството.
„Твитер е тука да служи и помога во развој на глобалната, јавна конверзација. Избраните светски лидери играат клучна улога во таа дискусија поради нивното големо влијание врз нашето општество“, напишаа од компанијата.