Мекмастер: Русија може да се меша и во изборите во Мексико
Американскиот национален советник за безбедност Херберт Мекмастер изјави дека Москва покренала софистицирана кампања за влијание врз претседателските избори во Мексико оваа година. Тој ова го изјавил за време на еден говор во Вашингтон кон средината на минатиот месец. Снимката од овој настан беше објавена деновиве. Според Мекмастер, постоеле докази за таквото руско мешање во мексиканските избори. Американските разузнавачки агенции претходно заклучија дека Русија се обидела да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.