Ципрас: Постои прозорец за решение на спорот за името
Ципрас наведе дека 2018 година без сомнение ќе биде полна со предизвици и со важни можности кои не треба да се испуштат, во економијата и надворешната политика споменувајќи го и прашањето за името.
„Имаме прозорец за решение, доколку се покаже дека промената на ставот на нашите соседи е искрена. Решение кое ако се постигне ќе биде во корист на мирот и соработката на Балканот, но и во корист на една нова динамика за нашата земја во поширокиот регион. Во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во оваа насока, рече Ципрас во обраќањето пред министрите од неговата Влада, пренесува МИА.
Денеска и грчкиот министер за внатрешни работи Панос Скурлетис изјави дека како влада имаат разјаснето дека името може да го содржи терминот Македонија со географска одредница и да е за севкупна употреба, но и дека е потребно да има широко мнозинство и во општеството и во Парламентот.