МОН ќе ги испитува индициите за верско организирање во училиштата
Министерството за образование и наука утре од Државниот просветен инспекторат ќе побара да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата заради расчистување на било какво сомневање околу прекршување на законските одредби од областа на образованието, во врска со случувањата од 06.01.2018 година кога групи деца учествуваа во верски манифестации во повеќе градови во Македонија, соопшти МОН.
Оттаму наведуваат дека од Министерството не било побарано ниту дало согласност за преземање на било какви активности во училиштата за подготовка или организирање на учениците за учество во овие манифестации, наведувајќи дека на граѓаните им се гарантира правото на здружување и слободата на вероисповеста, но оти во Законот за основно училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување, а наставниците се должни да ја следат програмата утврдена од Министерството.