Белата куќа: Трамп на Светскиот економски форум
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да учествува на Светскиот економски форум кој од 22 до 26 јануари ќе се одржи во швајцарското гратче Давос, соопшти Белата куќа. „Претседателот ја поздравува можноста својата програма „На прво место Америка“ да им ја претстави на лидерите во светот“, рече портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Последен американски претседател кој учтествуваше на Форумот во Давос беше Бил Клинтон во 2000 година.